Кошарка
Хеликоптерот што го користел Коби Брајант немал црна кутија
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, го загуби животот во неделата во хеликоптерска несреќа.
Хеликоптерот се срушил во близина на Лос Анџелес, при што загинале уште осум лица покрај Брајант. Меѓу жртвите беше и неговата 13-годишна ќерка Џијана, на чиј натпревар патуваа.
Започна официјалната истрага за несреќата, иако сето тоа укажува дека главната причина за трагедијата била густата магла, но и грешка на пилотот, кој поради лошата прегледност не го видел дека свртува кон ридскиот дел.
Хеликоптерот започнал да се крева откако бил предупреден од контролната кула, но при свртувањето изгубиле висина.
Американските медиуми објавија дека истрагата ќе биде отежната бидејќи хеликоптерот немал црна кутија. Хеликоптерот С-76Б се користи ширум светот, а црната кутија не е задолжителна. Исто така, има два мотори и може да лета ако едниот од нив се расипе.
Полицијата и истражителите го обезбедија местото на несреќата бидејќи секој дел може да биде многу важен. Повеќе детали за трагедијата ќе бидат познати во наредните денови.