Connect with us

Кошарка

Хелиос го освои Аеродром – „Со катастрофална одбрана не се победува ниту еден противник!“, вели Кочов

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа првиот пораз на домашен терен во АБА лигата. За прв пат загуби дома во втората АБА лига оваа сезона, вечерва Хелиос го освои Аеродром и славеше во „Јане Сандански” со 85-89.

„Одигравме катастрофално во одбраната, особено во втората и третата четвртина, кога на двајца нивни кошаркари грешевме во основните дефанзивни работи. Кога ќе примите 90 поени, едноставно, нема што да барате против било кој противник“, изјави Кочов.