Фудбал
Хемотерапијата на Пеле е неуспешна. Ќе биде во болница до крајот на животот
Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (82) е преместен на палијативна нега, каде му се ублажуваат болките и му се олеснува дишењето, пренесува бразилскиот весник Folha de Sao Paulo. Лекарите решиле да ја прекинат хемотерапијата бидејќи телото на Пеле повеќе не реагира на тоа, пишуваат Бразилците.
Палијативната нега се применува на пациенти кои страдаат од неизлечиви болести кои значително го скратуваат животниот век. Целта на палијативната нега е намалување на болката и непријатните симптоми на болеста до природна смрт на пациентот. Најчесто се користи кај пациенти со рак.Пеле беше примен во болница во средата.
Да потсетиме, во средата бразилскиот ESPN објави дека Пеле ненајавено дошол во болница и веднаш бил примен, а лекарите наводно констатирале општ оток, вода во белите дробови, па дури и срцева слабост. Пристигнал во болница во расеана состојба. Во септември минатата година, на Пеле му беше отстранет тумор на дебелото црево, но беа пронајдени метастази на други делови од телото.