Фудбал
Хенес: Не можеме да ги купиме Нејмар или Мбапе, Баерн може да издвои до 70 милиони за играч
Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес не ја исклучува можноста од ангажман на скапи играчи во зимскиот преоден рок. Според него, Баварците можат да потрошат и до 70 милиони евра за фудбалер.
Не можеме да ги привлечеме играчите како Нејмар и Мбапе. Но, доколку е потребно, Баерн може да плати 50, 60 или 70 милиони евра за играч, рече Хенес.
По 17 круга во Бундеслигата, Баерн е лидер со 41 бод, пред Шалке кој има 30.