Други спортови
Хероина на денот-Донесе прв златен медал во историјата за Нов Зеланд и тоа на денот на државноста
Девојката со потекло од Сиднеј, Австралија, ја донесе најголемата радост на Нов Зеланд. Зои Садовски – Синот го освои првиот златен медал во историјата на земјата на Зимските олимписки игри во дисциплината слоупстајл во сноуборд. И сето тоа на 6 февруари, денот на државноста на Нов Зеланд.
-Тоа може да се случи. Јас сум супер горда на мојот напредок во изминатите четири години. По бронзата во Пјонгјанг, ова е ново ниво. Најголемото можно во кариерата на секој спортист, изјави Зои веднаш по натпреварот.
Родена пред 20 години во Австралија, од татко од Нов Зеланд и мајка Американка, Зои се преселила во Ванака, Нов Зеланд на шестгодишна возраст. Во големо седумчлено семејство решила да оди на сноуборд.
Веќе на 16 години го постигна првиот голем успех. На Светското првенство во 2017 година во Сиера Невада, таа освои сребро во слоуп-стајл. Една година подоцна, освои олимписка бронза во дисциплината Биг Ер во Пјонгјанг.
Zoi Sadowski Synnott wins the first-ever #Gold Medal for New Zealand at the Winter Olympics as she dominates the Women’s #Snowboard Slopestyle!
Amazing! #Beijing2022 pic.twitter.com/jZauyKuhng
— Olympics (@Olympics) February 6, 2022
And all of this on Waitangi Day, New Zealand's national day. ??
What a day, @TheNZTeam ? pic.twitter.com/HGdBgW7yZQ
— Olympics (@Olympics) February 6, 2022