Connect with us

Фудбал

Херојот на Данска: Тотално лудо чувство, знаев дека ова ќе биде мој ден!

Јаспер Долберг, изјави дека останал без зборови по убедливата победа која на Данците им го донесе четвртфиналето на Европското првенство. Долберг заслужено беше прогласен за играч на натпреварот од страна на УЕФА.

„Ова е целосно лудо чувство. Всушност, не знам како се чувствувам. Ова е надреално, немам зборови.

Ова е нешто за што сонувате, нешто што го чекав толку долго, особено затоа што бев резервна опција во претходните игри. Некако почувствував дека ова ќе биде мој ден. Дури и додека шетавме низ градот и кога доаѓавме на стадионот, чувствував дека ова ќе биде посебна вечер за мене“, изјави Долберг.

Данска сега го чека денешниот противник од пресметката во Будимпешта помеѓу Холандија и Чешка.

„Не знам дали очекувавме четвртфинале, ама знам дека сонувавме вакво нешто и на крајот големо е задоволството што одиме понатаму, ама пред сѐ што сум дел од оваа селекција“, додава Долберг.