Фудбал
Херта Берлин покажа интерес за напаѓачот на Милан
Пиатек изгледа подготвено е на излезна врата на Милан. Милан веќе долго време размислуваат за понудите за Полјакот.
Според „Sky Sport Italia“, германскиот тим испрати понуда од 27 милиони евра плус бонуси за италијанскиот тим.
По пристигнувањето на Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот испадна од првиот тим, па за играчот на широко се шпекулира дека е на излезна врата.
Сепак, играчот сè уште не даде зелено светло за ваков трансфер.
Пиатек го купија од Џенова минатиот јануари за неверојатни 35 милиони евра, но неговите настапи беа далеку од очекувањата.