Connect with us

Фудбал

Хет-трикот на Белоти го испрати Торино до победа против Емполи

Со хет-трикот на Андреа Белоти, Торино го совлада Емполи со 3-1 како гостин во натпревар од 35. коло во Серија А и го измести Сасуоло од 10. место во поредокот, собирајќи 47 бодови. Емполи е 14. на табелата со 37 бодови.

Емполи поведе со голот на Шимон Журковски во 56. минута, но во 59. минута домаќините останаа со играч помалку по црвениот картон на Валерио Вере и ова го означи почетокот на пресвртот.

Андреа Белоти влезе во игра во 71. минута и со три гола им помогна на „биковите“ да направат целосен пресврт. Напаѓачот израмни од пенал во 79. минута, а во 87. повторно погоди од белата точка за 2:1. Белоти постигна хет-трик во шестата минута од судиското надополнување, додека Петар Стојановиќ од Емполи во 85. минута доби втор жолт и црвен картон, а домаќините мечот го завршија со деветмина.