Фудбал
Хетафе 4 години енигма за Барселона, Чави бесен на судиите (ВИДЕО)
Хетафе четири сезони по ред ја спречува Барселона да постигне гол на својот стадион. Екипите синоќа одиграа 0:0 во 1. коло од Ла Лига. Каталонците немаат постигнато гол на „Колосеум Алфонсо Перез“ цели четири години. На претходните два меча исто така беше 0:0, а во сезоната 2020/21 победи Хетафе со резултат 1:0. Последен пат кога Барселона не успеа да постигне гол против еден противник на гости четири години по ред беше во 1970-тите на средбите со Саламанка.
На натпреварот немаше голови, но судијата покажа три црвени картони. Фудбалерот на Барселона Рафиња беше исклучен во 42. минута поради груб старт, а Хамес Мата од Хетафе во 57. минута доби втор жолт картон. Тренерот на Барселона Чави беше исклучен во 70. минута поради неспортско однесување. На самиот крај од судиското продолжение, судијата користеше ВАР технологија за да провери дали тоа е пенал за Барселона по падот на Роналдо Араухо во шеснаесетникот, но процени дека нема прекршок. Наместо пенал, судијата покажа игра со рака на Гави и ги налути Каталонците.
I feel cheated. They did an INEC on barca fans. Xavi and Gavi deserved better than a share of the spoil. Araujo was spot on as usual. Abde had a great second half too. Barca deserved more because Getafe didn't come to play football! pic.twitter.com/kTi7EhcNuw
— Pepsi, ACA 💙❤ (@Pepsi_addict__) August 14, 2023
Затоа тренерот на Барселона, Чави Ернандез, по мечот се нафрли на судиите и челниците на Ла Лига.
„Може многу да се каже за нашата игра и нашиот пристап вечерва. Свесни сме за нашите грешки и знаеме дека требаше подобро. Сепак, тоа не може да го оправда она што ни го направија судиите. Мора да бидете искрени и да признаете дека Судијата со својата одлука ни ја украде шансата за победа. Судиите ја измислија играта со рака на Гави само за да не ни досудат пенал. Мислам дека треба да излезат пред јавноста и да ја објаснат својата одлука“, изјави Чави.