Други спортови
Хиршер победи во паралелниот велеслалом
Носителот на Светскиот куп, Австриецот Марсел Хиршер, ја забележа четвртата победа сезонава. Тој славеше во паралелниот велеслалом во италијанскиот зимски центар Алта Бадиа, победувајќи го со 14 стотинки во големото финале Тибо Гавро од Франција.
Хиршер допушти мала грешка во средината на трасата, но подоцна не му остави шанси на својот противник.
Со оваа победа Хиршер ја зголеми предноста во генералниот пласман, откако ја постигна 62 победа во кариерата. Французинот Алекси Пинторо беше поразен од Гавро во полуфиналето, но заврши трет го откако освои малото финале против Матс Олсон од Шведска.