Connect with us

Фудбал

Хисај како летна аквизиција

Албанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Елсеид Хисај, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Офанзивниот бек на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а преговорите околу новиот договор пропаднале поради побарувањата на Хисај.

Албанецот побарал годишна плата од 3.2 мил. евра, но челниците на Наполи му понудиле само 2 мил. евра. Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари пак не крие дека сака повторно да соработува со офанзивниот бек.