Фудбал
Хјун Мин Сон ќе оди на операција, под знак прашалник за Катар
Напаѓачот на Тотенхем Хјун Мин Сон ќе биде опериран, а Јужна Кореја е сериозно загрижена за неговата состојба на 3 недели пред Светското првенство.
Фудбалерот се здоби со скршеница во близина на левото око по сударот со Шансел Мбемба на натпреварот против Марсеј во вторникот.
Во оваа фаза од лондонскиот клуб не откриваат точно колку ќе трае неговото закрепнување, но сепак за вакви повреди може да се користи маска.
„Можеме да потврдиме дека Хјун Мин Сон ќе биде подложен на операција за стабилизирање на фрактурата добиена во близина на левото око. Потоа ќе започне со рехабилитација и ќе обезбедиме нови информации за тоа како напредува неговото закрепнување“, се вели во официјалното соопштение на Тотенхем.
Како што стојат работите, Сон е ефективно надвор од неделниот натпревар со Ливерпул, а Антонио Конте остана со само еден напаѓач во Хари Кејн, откако Ричарлисон и Дејан Кулушевски исто така се повредени.