Фудбал
Хофенхајм го претстави второто засилување за новата сезона
Фудбалерите на Хофенхајм следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, па клубот започна да носи квалитетни играчи.
Нема сомнение дека Хофенхајм веќе има добри играчи. По донесувањето на Леонардо Битенкурт (24, напаѓач) од Келн, денес потпиша и Ишак Белфодил.
Белфодил ќе биде член на Хофенхајм до 30 јуни 2022 година.
“Мило ми е што имам можност да ја развијам мојата кариера во амбициозен клуб и ќе сторам сè за да му помогнам на Хофенхајм да продолжи со добри игри и резултати”, рече Алжирецот.
Белфодил беше на позајмица во Вердер минатата сезона и постигна шест гола во 29 натпревари. Во белгиската лига, постигна 17 гола на 40 натпревари. Висок 191 цм а во Серија А играл за Интер, Парма и Болоња.