Connect with us

Други спортови

Хокеарите редат победи, на ред е Португалија

Хокеарската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на „Девелопмент купот“, неофицијалното Светско првенство, што се игра во Фусен, Германија. Овој пат „црвено – жолтите“ беа подобри од селекцијата на Андора со 9:4.

Претходно, македонските хокеари славеа против Ирска со 9:6, благодарение на одличната партија на Јуре Столар, кој забележа шест гола.

Македонија утре ќе го одигра и последниот натпревар од групата, каде силите ќе ги одмери против селекцијата на Португалија. Во текот на утрешниот ден се и полуфиналните натпревари, каде нашите хокеари ќе играат со една од двете последнопласирани селекции во групата,  додека во финале се очекува повторно да се сретне со репрезентацијата на Португалија.