Фудбал
Холандија го пречекува завршниот турнир од Лигата на нации?
Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се игра во холандските градови Ротердам и Еншеде од 14 до 18 јуни следната година, објавија денеска локалните медиуми.
Пласман на завршниот турнир засега обезбедија Холандија, Хрватска и Италија, а четврта репрезентација ќе биде Португалија или Шпанија.
УЕФА допрва треба официјално да го објави домаќинот, но холандските медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека Холандија ќе игра во првото полуфинале на 14 јуни во Ротердам на стадионот Феенорд, додека второто полуфинале ќе се одржи ден подоцна во Еншеде, на стадионот Твенте.
Натпреварот за третото место ќе се игра на 18 јуни во Еншеде, а финалето истиот ден во Ротердам.