Фудбал
Холандија се подготвува, „б тим“ против Македонија?
Селекторот на холандската репрезентација, Франк де Бур ги започна подготовките за Македонија со утрински тренинг, а на располагање ги имаше сите 25 фудбалери.
„Лалињата“ веќе се во осминафиналето, па ќе играат без притисок. Тука можеби е шансата на нашата репрезентација, со евентуален позитивен резултат во Амстердам да се прости од Европското првенство.
Повеќето холандски навивачи сметаат дека селекторот Франк Де Бур не треба да ги троши главните играчи кои треба да му ја донесат посакуваната победа, туку да им даде шанса на играчите кои досега ја грејат клупата.
Холандија е поранешен европски првак од 1988 година и задутре ќе ја дочека Македонија и медиумите во земјата на „лалињата“.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра в понеделник во 18:00 часот.