Connect with us

Фудбал

Холандскиот фудбалски сојуз донесе одлука за следната сезона, ќе има многу приговори

Холандската фудбалска федерација денеска донесе уште една важна одлука.

Нема фудбалска активност во Холандија до 1 септември, што го одбележа евидентниот крај на сезоната.

Претходно, сојузот одлучи дека на европски натпреварувања ќе заминат петте екипи кои го заслужија тоа според табелата. Ајакс и Аз Алкмар ќе заминат во Лигата на шампионите, додека во Лигата на Европа Феенорд, ПСВ и Вилем Втори. Треба да се напомене дека во овој случај Ајакс ќе оди директно во групната фаза од Лигата на шампионите, а екипата од Алкмар ќе треба да се квалификува.

Сега е најавено дека нема испаѓање, па Ден Хаг и Валвијк, кои се најзагрозени на табелата, ќе останат во лигата за следната сезона, додека Камбур и Грајафшап ќе бидат одбиени за промоција во највисокиот ранг на тамошниот фудбал.

За шампион во лигата се уште се дискутира. Ајакс е шампион по табела, но АЗ Алкмар се жали и предлага двата тима да ја добијат титулата со оглед на тоа дека Аз Алкмар во двата наврати го совлада Ајакс.