Фудбал
Холанѓаните ги одредија патници за европските натпреварувања
Лидерите на холандската лига ги одредија патниците на европските натпреварувања за следната сезона.
Шампионатот во оваа земја нема да продолжи, а сите фудбалски активности се забранети до 1 септември.
Во моментов е во тек состанок на кој ќе се разговара за иднината на фудбалот во оваа земја. Фудбалската асоцијација, наводно, одлучи да ја заврши сезоната според тековните пласмани, бидејќи УЕФА тоа го предложи доколку првенството не може да продолжи.
Фудбалската асоцијација на тој начин одлучи дека пет екипи кои се стекнале со правото за настап на европските натпреварувања според табелата пред да се прекине првенството ќе одат на европски натпреварувања. Тоа значи дека Ајакс и Аз Алкмар како првопласиран и второпласиран на моменталната табела ќе заминат во Лигата на шампионите, додека во Лигата на Европа ќе патуваат Феенорд, ПСВ и Вилем Втори.
Треба да се напомене дека во овој случај Ајакс ќе оди директно во групната фаза од Лигата на шампионите, а екипата од Алкмар ќе го бара своето место преку квалификациите.
Не е познато дали на Ајакс ќе му биде доделена титулата шампион, а повеќе информации ќе бидат познати по состанокот.