Фудбал
Холанѓаните веќе загубија 300 милиони евра како резултат на прекинот на сезоната, а загубите ќе се зголемуваат
Холандската фудбалска асоцијација одлучи да стави крај на првенството.
На состанокот што се одржа во петокот, беше решено да се стави крај на првенството без прогласување шампиони и без да се преместат клубови во понизок ранг и обратно.
Исто така, беше решено екипите кои беа меѓу најдобрите пет на табелата да влезат во европските натпреварувања, а веднаш по одлуката за суспендирање на лигата беа најавени бројни тужби.
Утрехт е тој што го бара своето место во Европа, додека Камбур и Де Графшап сакаат да играат во друштво на најдобрите затоа што обезбедија место кое води до промоција.
Сепак, она што ќе го вознемири холандскиот фудбал е фактот дека тие веќе загубија огромна сума на пари поради суспензија на првенството. Првичните проценки посочуваат дека веќе се изгубени 300 милиони евра.
Тоа нема да биде сè. Се проценува дека штетата ќе биде уште поголема и дека на крајот загубите ќе изнесуваат околу 400 милиони евра.
Фубалот во Холандија е забранет до 1 септември со одлука на владата и Фудбалската федерација на крајот ќе треба да го прилагоди календарот за сезоната што доаѓа и клубовите да имаат тесен распоред на натпревари.