Connect with us

Други спортови

Холифилд за Тајсон: Два пати го победив, ако ме удри ќе му вратам

Ивандер Холифилд во екот на преговорите за трета борба одлучи да го провоцира Мајк Тајсон, противник кој два пати го победил во кариерата.

-Доколку тој тоа го сака, борбата е можна. Ако го прашам за борба, ќе испадне дека сум насилник, што сакам да се борам со ликот кој два пати го победив. Ако ме удри, ќе му вратам. Тоа е боксот. Да сум со брат во ринг и да ме удри, ќе му вратам. Ако не сакате да ги примате моите бомби тогаш подобро ви е да не фрлате бомби на мене. Кога ќе ме видите како изгледам во рингот со 58 години, ќе се прашате дали е тоа можно, изјави Холифилд за Би-Би-Си.

Трета борба помеѓу Холифилд и Тајсон е можна. Преговорите се во тек, а и двајцата интензивно се подготвуваат во изминатите денови.