Connect with us

Фудбал

Хонда станува селектор, а функцијата ќе ја извршува по пат на видео повик

Неодамна Кеисуке Хонда играше на терените во Серија А, а сега е член на австралиски Мелбурн.

Поранешниот играч од средниот ред на Милан пред неколку дена потпиша за Мелбурн, а сега стана и селектор на Камбоџа.

Се претпоставува дека со видео повици ќе биде во контакт со неговите соработници во Камбоџа.

Хонда до неодамна настапуваше за Јапонија, но се повлече од репрезентацијата после Светското првенство во Русија. За „Самураите“ одигра 98 натпревари и постигна 37 голови.

Во својата кариера има настапувано за Нагоја, Венло, ЦСКА Москва, Милан… Со Милан го освои супер купот на Италија, но најмногу трофеи, четири има освоено во Москва.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com