Кошарка
Храбар и силен меч на Македонија, водеше на полувремето, но во финишот потклекна против Италија
Македонската кошаркарска репрезентација одигра храбар, херојски меч против силната Италија. Водеше на полувремето, се држеше се до последните моменти од мечот, но крајот загуби со 92:84 во квалификациите за пласман на ЕП.
Италија досега нема пораз, има четири победи од исто толку мечеви, додека Македонија го доживеа и третиот пораз на третиот меч.
И покрај овој неуспех, Македонија останува со шанси за место на завршницата на континенталниот собир.
Следен противник е Русија, а мечот се игра утре. Преостануваат уште два меча против Италија и Естонија.
Ненад Димитријевиќ со 24 поени и 12 асистенции беше најдобар кај Македонија. Во таборот на Италија најефикасен беше Амедео Теситори со 18 поени.