Connect with us

Кошарка

Хрват и двајца Американци нови играчи на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје објави дека има нови засилувања. Преговорите се воделе со неколку играчи, а на крајот изборот паднал на  двајца Американци, Дастин Ваер (31 год, 183 см) и Хуан Дејвис (24 год, 203 см), еден добро познат хрватски интернационалец, Роберт Рикиќ (31 год, 219 см), додека обновен е и договорот со македонскиот репрезентативец Кристијан Николов (24 год, 187 см).

Ваер е игра на позицијата плејмејкер и зад себе има големо европски искуство, кое му почна пред десетина години во дресот на Цибона, а потоа настапувал за екипи како германски Улм, Јашеберени, ЗТЕ (Унгарија), Виши, Булазак (Франција), Лукоил Академик, Колосос и полски Шчекин каде што ги мина последните две сезони. Дејвис е крилен центар кој доаѓа од холандски Феенорд, а има играно и за финските екипи Нокиа и Каухајон, со кој беше дел од Лигата на шампионите на ФИБА. Џинот Рикиќ е поранешен играч на Широки, Будуќност, Игокеа, Сплит, кој минатото првенство беше најдобар играч на Еуро Никел.

Воедно од МЗТ Скопје соопштија дека го обновиле договорот со Николов, кој трета сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес.

Капитен на екипата останува Дамјан Стојановски.

 

Facebook