Фудбал
Хрватска е во финалето на Лигата на нации, на Лука Модриќ никој не му може ништо (ВИДЕО)
Хрватска е во финалето на Лигата на нации! По неверојатното второ полувреме, тие ја совладаа Холандија во продолженијата и го чекаат противникот во борбата за трофејот – 4:2 (2:2). Таму ќе играат против подобриот од Шпанија и Италија, тој меч е закажан за четврток од 20:45 часот.
Првото полувреме на стадионот во Ротердам мина со многу фаули, картони и забележан е еден гол кој го постигна Мулен во 34. минута. Потоа почна лудилото во вториот дел. Крамариќ погоди од пенал во 55-та, па Пашалиќ во 72-та им донесе водство на гостите. Се чинеше дека ќе одат во финалето по 90 минути, но во шестата минута од судиското надополнување Ланг постигна гол за израмнување и тоа значеше дека натпреварот оди во дополнителни 30 минути (2:2).
На стартот на тој дел од играта Далиќ наместо Шутал го внесе Петковиќ и тоа му се исплатеше. Бруно во 98. минута погоди на асистенција на Лука Модриќ. Потоа во 116. минута Модриќ беше сигурен од пенал и на тој начин ја обезбеди победата на „Коцкестите“. Интересно е и тоа што шест минути по тој гол Петковиќ го постигна својот втор гол, но истиот беше поништен поради офсајд.