Ракомет
Хрватска во голема борба ја совлада Германија, екс „вардарец“ најефикасен
Хрватска е во полуфиналето на ЕП во ракомет. Вечерва по голема борба ја совлада Германија со 25:24.
По оваа победа Хрватска има шест бодови заедно со Шпанија, и може да се каже дека овие две селекции се први полуфиналисти на ЕП.
Поранешниот ракометар на Вардар Игор Карачиќ беше најефикасен со 7 погодоци, Дувњак имаше пет. Следниот меч Хрватска го игра против Чешка и со победа ќе го завери пласманот во полуфиналето.