Connect with us

Тајмаут

Хрватски ракометар вечерва го доби второто дете: „Најсреќни сме на свет“

Штрлек е во брак со дефектологот Ина Галиќ од јули 2013 година. Тогаш тие го кажаа судбоносното ДА во Загреб, а нивната ќерка, како и нејзиниот син сега, дојде на свет за време на едно големо натпреварување.

Додека неговите колеги репрезентативци се борат на натпревар со Германија, Мануел Штрлек (31) доживува некои од најубавите моменти во животот.

Четири години откако Мануел и неговата сопруга Ина добија ќерка Зое, среќната двојка доби вечерва и син. Малиот Рио е роден во Загреб.

Скоро до последниот момент Штрлек беше на тренинг во Веспрем.