Поврзи се со нас

Тајмаут

Хумелс е новата „жртва“ на Алика Шмит (ВИДЕО)

Алика Шмит е најсексапилната спортистка во светот која ги носи играчите на Борусија Дортмунд во вистинската форма.

21-годишната фитнес инструкторка е задолжена за вежбите на играчите на Борусија и нивната подготвеност, иако порано ја обвинуваа кога некоја ѕвезда ќе се повреди.

Атлетската убавица, која и помогна на Германија да освои бронза на Европското првенство до 23 години на штафетата 4 х 400 метри, прави серија наречена „Остани фит“. Ова е нејзина четврта ваква епизода во која ги воведува навивачите во вежбите што ги прави со играчите на Борусија меѓу четирите ѕида.

Нејзин последен гостин беше искусниот стопер Матс Хумелс, а 32-годишниот германски дефанзивец добро се потеше покрај Алика и беше видно возбуден што имаше можност да биде во нејзино друштво.

Алика има пријателски однос со сите во германскиот клуб и тие ја ценат за нејзиното знаење, но и за нејзината голема желба да и помогне на Борусија да биде што е можно поподготвена.

Иако младата девојка преферира да зборува за спорт и нејзините фитнес методи, тешко е да избегне коментари и комплименти за нејзиниот изглед, кои се секојдневие, што навистина не изненадува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᗩlica Ѕchmidt (@alicasmd)

 

Facebook

loading...