Други спортови
Хуркач го совлада Медведев во финалето во Хале
Полјакот Хуберт Хуркач го освои АТП тенискиот турнир во Хале, откако попладнево во финалето го совлада првиот носител, Русинот Данил Медведев, со 6-1, 6-4.
Хуркач до титулата дојде со фантастичен тенис и комплетно го надигра најдобриот светски тенисер.
Полскиот тенисер во финалето дојде до победата за 63 минути игра и ја освои петтата титула во кариерата, играјќи го своето петто АТП финале.
За Русинот Медведев ова беше 25 финале во кариерата и 12 пораз.