Фудбал
И да си Пеп Гвардиола ќе платиш казна-Урнебесно, тренерот на Сити бараше пари за селфи фотографија (ВИДЕО)
Не е важно што си Пеп Гвардиола (52), кога непрописно паркираш ќе добиеш казна. Еден од најдобрите тренери на сите времиња го научи ова на потешкиот начин. Тој го паркирал автомобилот на место каде што не е дозволено и не се извлекол. Ќе мора да плати. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Гвардиола разговара со тој што му ја напишал казната. Не се слуша што точно му рекол, но се споменува фотографијата, па не е исклучено да побарал заедничка слика од Шпанецот. Ако побарал, не добил, бидејќи Пеп ја земал казната, ја ставил во автомобилот и си заминал.
🚨| Pep Guardiola received a parking ticket today 🤣
— CentreGoals. (@centregoals) August 21, 2023