Connect with us

Кошарка

И Детроит го спушти шампионот

Кошаркарите на Голден стејт претрпеа нов во НБА лигата, овој пат од екипата на Детроит со 111:102. Стеф Кари се врати во тимот на „воините“, но деветтиот пораз во 24 натпревари актуелните шампиони не можеа да го избегнат.

Блејк Грифин постигна 26 поени во победата на Пистонс и дополни со шест скока и пет асистенции. Џонсон запиша 19 поени, Џексон дополни со 17 поени, а запазена улога имаше и Драмонд со 16 поени и 19 скока. Кај Голден Стејт, Дурант запиша 28 поени со седум асистенции и шест скока, Кари имаше 27 поени со пет скока а Клеј Томпсон дополни со 21 поен и осум скока.

Резултати: Њујорк – Милвоки 136:134, Детроит – Голден стејт 111:102, Вашингтон – Бруклин 102:88, Кливленд – Торонто 95:106, Хјустон – Чикаго 121:105, Минесота – Бостон 109:118, Сакраменто – Индијана, 111:110.