Connect with us

Други спортови

„И други играчи добија ослободување, никој не зборува за тоа, Новак е во центарот на вниманието“

Бидејќи Австралијците го одобрија медицинското ослободување на Новак Ѓоковиќ, требаше да му дозволат да влезе во тоа друштво и да игра на првиот Грен слем сезонава, смета шпанскиот стручњак Алекс Кореца.

Најдобриот тенисер на светот пристигна во Мелбурн, откако доби медицинско ослободување од правилата за задолжителна вакцинација против корона вирусот. Но, властите не му дозволија да влезе во таа земја, а 20-кратниот грен слем шампион моментално е во карантин во еден хотел. Конечната одлука за неговиот престој ќе ја донесе Сојузниот суд во понеделник.

“Каков неред. Каква штета за сите, особено за Новак. Особено за тенисот“, изјави Кореца.

“Сигурно е дека има и други играчи кои добија ослободување, но никој не се грижи за нив, никој не зборува за тоа. Новак е во центарот на вниманието. Мислам дека имаше право да бара ослободување. Доколку решија да дадат треба да го пушти да игра. Тоа не беше негова одлука.“

Имаше информации дека Новак имал „погрешна“ виза, а потоа и дека нема доволно силни докази, поради што добил изземање.

„Тешко е да се разбере, бидејќи ги немаме сите информации. Претставниците на турнирот и Новак треба да бидат поотворени. Се створи контраверзна ситуација. Требаше се да се разјасни за луѓето да разберат што се случува. Ова не му помогна на угледот на Новак, ниту на турнирот. Сега ова е светски проблем. Секој си дава свое мислење, но никој не ја знае вистината. Ова е веројатно најлошото сценарио“.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.