Connect with us

Други спортови

И Ѓоковиќ нема да игра на УС Опен?

Овогодинешниот УС Опен може да помине без Новак Ѓоковиќ, откако Рафаел Надал и претходно повредениот Роџер Федерер ги откажаа своите настапи.

Српските медиуми пишуваат дека екипата на Ѓоковиќ објави дека настапот е неизвесен и дека постои можност Ноле да не игра во Њујорк.

Ѓоковиќ е на списокот на учесници, но сè уште не одлучил дали ќе игра или не. Конечната одлука се очекува во наредните денови.

Овогодинешниот УС Опен ќе биде прв од 1999 година каде нема да присуствува Надал или Федерер, а освен оној на Ѓоковиќ, неизвесен е и настапот на Григор Димитров.

Почетокот на турнирот е закажан за 31 август.