Connect with us

Тајмаут

И Каталонците му оддадоа почит на еден од најголемите: „Ја сакам Барселона…“ (ВИДЕО)

Голем шок за целиот свет беше веста за падот на хеликоптерот во неделата вечерта во кој беше легендарниот Коби Брајант.

НБА, каде помина 20 години, не ги одложи натпреварите синоќа, сите се играа „по ред“, а кошаркарите и навивачите размислуваа само за легендата на ЛА Лејкерс и за неговата ненадејна смрт.

Покрај тоа што од Коби се збогуваа низ делови од САД, исто така и Европа се збогува и со еден од најголемите кошаркари на сите времиња, а многу фудбалски клубови му оддаваат почит на различни начини.

Исто така Барселона му оддаде почит, објавувајќи видео клип од 2 минути и 20 секунди со неколку посебни моменти од неговата кариера, но и со инсерт во кој Коби е во дресот на Барсе и вели: „Ја сакам Барселона“.