Фудбал
И Модриќ става крај на репрезентативната кариера?
По официјалното објавување дека крај на репрезентативната кариера става Марио Манџукиќ, оваа недела се очекува тоа да го стори и Лука Модриќ.
Медиумите во Хрватска пренесуваат дека играчот на Реал Мадрид се одлучил за ваков чекор и ќе ги следи стапките на Манџукиќ, а тоа ќе го објави во текот на следната недела.
Модриќ наводно сакал официјално да ја објави оваа информација уште пред десетина дена, но поради целата ситуација околу неговиот можен трансфер во Интер тоа не се случи. Сега кога веќе се е решено, најдобриот играч на Мундијалот наскоро ќе објави дека става крај на авантурата со Хрватска.