Connect with us

Фудбал

И на најдобрите им се случува: Меси шутираше од слободен удар и со топка удри бебе на трибините (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами го победија Орландо со 5:0 со два гола на Лионел Меси, но головите на Аргентинецот останаа во сенка на еден негов неуспешен слободен удар. Имено, Меси на натпреварот имаше можност да постигне гол од слободен удар од 20 метри. Позицијата беше идеална за него со оглед на тоа што од неа постигна гол безброј пати, но овојпат шутираше непрецизно. Топката помина преку живиот ѕид, но и голот на Орландо, и заврши на трибините и удри во бебето кое беше со мајка му во првите редови. Судејќи по видеото, топката не го погоди директно бебето, но доволно силно за да го расплаче.