Connect with us

Фудбал

И Наполи го сака Дибала

Наполи е уште еден клуб кој е заинтересиран за можноста да го привлече Пауло Дибала во својот тим . 28-годишниот Аргентинец е слободен играч откако му истече договорот со Јувентус и не беше обновен. Затоа, интересот за него е очекувано голем, а сега меѓу кандидатите за неговиот потпис се наредија и наполитанците, неколку медиуми во Италија, меѓу кои „Кориере дело спорт“, „Кориере дела сера“ и „Калчомеркато“.

До неодамна се веруваше дека Интер беше фаворит за потписот на напаѓачот. „Нероаѕурите“ разговараа со Дибала и речиси се договорија за неговите лични услови, бидејќи доколку дојдеше на „Џузепе Меаца“ ќе добиеше 7 милиони евра плус дополнителни бонуси. Колку што има добиено досега во Јувентус. Сепак, интересот на миланскиот гигант подоцна се олади откако клубот ги обезбеди услугите на Ромелу Лукаку.