Фудбал
И покрај гласините – Депај ќе потпише со Јувентус
Напаѓачот Мемксис Депај треба да потпише договор со Јувентус, иако во последните денови имаше многу гласини околу новиот тим на играчот.
Барселона мора да се раздели со дел од своите играчи до крајот на преодниот рок, а клубот дефинитивно не го сака Депај во својот тим.
Пред неколку дена дури и бројот 9 го „украде“ Депај и му го даде на Роберт Левандовски.
Во Барселона Депај добива 5 милиони евра по сезона, додека во Јувентус 7 милиони евра, вели новинарот Матео Морето. Сепак, овој трансфер нема да и донесе речиси ништо на Барселона, но ќе има олеснување во буџетот за плати.
Договорот на Депај со Јувентус ќе биде на две години.