Други спортови
И Роналдо го чека спектаклот на Хабиб и Гаетже: „Мојот брат ќе победи Иншалах“ (ВИДЕО)
Хабиб Нурмагомедов конечно се врати во октагонот бидејќи за седум дена ќе има судир против Џастин Гаетже.
Јасно е дека Хабиб е фаворит во оваа пресметка, но Гаетже најави голема борба и изненадување. Овој натпревар со нетрпение го чека и Кристијано Роналдо, кој деновиве ги поминува во изолација, бидејќи е позитивен на коронавирус.
Роналдо реши да се вклучи во живо и на Инстаграм, а едно од прашањата беше судирот на Хабиб и Гаетже. Роналдо беше запрашан кој мисли дека ќе победи, а неговиот одговор беше јасен.
“Секако дека Хабиб ќе победи. Мојот брат, иншалах”, рече Роналдо.