Connect with us

Фудбал

И Русите најавија враќање на терените

Премиерлигата во Русија ќе продолжи.

Иако нема да брзаат да се вратат на теренот, Русите решија да го продолжат шампионатот прекинат од пандемијата на коронавирусот, а натпреварите се очекува да започнат на крајот на мај, како што се очекуваше и на другите европски натпреварувања.

„Позицијата на УЕФА е шампионатите да продолжат. Истото ќе биде и со нас, но нема потреба да брзаме. Да почекаме до крајот на мај и да видиме како ќе изгледаат работите“, рече директорот на Зенит, Александар Медведев.

Сигурно е дека Русите ќе го продолжат шампионатот без присуство на публиката, а нема да имаат премногу време за одмор бидејќи почетокот на следната сезона е планиран за 30 август.

Како и да е, она што го чекаме со нетрпение е дека има размислување за продолжување на лигите низ цела Европа и повторно да гледаме фудбал, во мај и во летните месеци.