Connect with us

Други спортови

И тие ќе го остават: Новак Ѓоковиќ останува без неверојатни 27 милиони долари

За Новак Ѓоковиќ 2022 година започна на најлош можен начин што се однесува до новата сезона.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња доживеа вистинска драма во Австралија, каде на крајот доби забрана за настап на Австралија опен бидејќи не беше вакциниран, а потоа беше депортиран од оваа земја.

Ѓоковиќ само на крајот на февруари настапи на првиот турнир од оваа сезона, но доби одлични вести бидејќи ќе може да игра на Ролан Гарос, иако се уште не одлучил да се вакцинира.

Сепак, лошите вести за Ѓоковиќ продолжија откако неговиот тим реши да го напушти тренерот Марјан Вајда по 15 години соработка.

Но, тоа не е крајот на лошите вести за српскиот тенисер. Поради се што се случува, некои спонзори си заминаа од Ѓоковиќ, а истото би можел да го направи и неговиот најдобар спонзор со кој соработува со години – Лакост.

Швајцарските медиуми објавија дека компанијата сериозно размислува да ја прекине соработката со Новак, што многу ќе го чини српскиот тенисер.

Доколку договорот со него биде раскинат, се очекува Ѓоковиќ да остане без дури 27 милиони долари кои требаше да ги заработи до крајот на договорот кој трае до 2025 година. Од оваа соработка годишно инкасира девет милиони долари, но Лакост реши наместо Ѓоковиќ да му даде шанса на друг спортист.