Фудбал
И заби нож во грб на Барселона, а сега се му се враќа и тоа два пати повеќе
Илајкс Мориба кон крајо минатата сезона ги изненади сите со одлуката дека не сака да го продолжи договорот со Барселона.
Минатата сезона Мориба доби шанса во првиот тим на каталонскиот клуб која одлично ја искористи и покажа дека се работи за навистина голем потенцијал.
Сезонава требаше да биде еден од играчите кои ќе го сочинуваат столбот на каталонскиот клуб во средниот ред, но летово ги шокираше сите со својата одлука кога изјави дека не сака да го продолжи договорот.
Иако беше свесен за лошата финансиска состојба во клубот, тој побара многу пари за да остане, што на крајот Жоан Лапорта не сакаше да го одобри, па беше одлучено дека е најдобро Мориба да го напушти клубот.
Барселона во последниот ден од преодниот рок успеа да го продаде 18-годишното момче на Лајпциг за 16 милиони евра, што беше одлична зделка за нив.
Мориба добиваше многу поголема плата од Лајпциг, но на крајот се тргна наопаку.
Имено, тој во досегашниот дел од сезоната одигра само шест натпревари за германскиот клуб и на теренот беше само 100 минути. Мориба поради тоа покажа големо незадоволство и по само половина година сака да го напушти Лајпциг.
Германскиот Билд денеска објави дека и Лајпциг сака да се ослободи од Морибе бидејќи сфатиле дека неговото доаѓање е неуспешно, а не сакаат во тимот играч кој толку многу се жали што нема поголема минутажа.
Мориба оваа сезона можеше да биде првотимец во Барселона, но поради алчноста на неговиот агент, на крајот за малку ќе исчезне од фудбалската сцена.
Исто така, Мориба, покрај тоа што си замина од Барселона, ги шокираше сите со одлуката да ја смени репрезентацијата. За Шпанија настапуваше во младинските категории, но реши во иднина да го носи дресот на репрезентацијата на Гвинеја.