Connect with us

Други спортови

ИААФ ги објави номинираните за „Атлетичар на годината“

Светската атлетска федерација (ИААФ) ги објави десеттемината номинирани за наградата „Атлетичар на годината“.

На листата се Кенијците, Тимоти Черут (трчање на 1.500 метри), Елиуд Кипчоге (маратон) и Емануел Корир (трчање на 800 метри), Американците, Кристијан Колман и Ноа Лајлс (спринт), Французинот, Кевин Мајер (десетобој) Новозеланѓанецот, Томас Волш (фрлање ѓуле), Катарецот, Абдерахман Самба (трчање на 400 метри со пречки),

Швеѓанецот, Арман Дуплантис (скок со стап) и Јужноафриканецот, Луво Манонга (скок во далечина).
Носителот на наградата ќе биде прогласен на церемонија во Монако на 4 декември.