Други спортови
Иако четворица се позитивни на турнирот, Ѓоковиќ одбил да се тестира на коронавирус
Потврдата дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на коронавирусот, потполно го сопре тенискиот турнир „Адриа Тоур“, во организација на Новак Ѓоковиќ. Подоцна беше потврдено дека се позитивни уште тројца тенисери.
Тенискиот турнир е откажан, а требаше да се одигра во Задар. Хрватските власти понудиле на сите да бидат тестирани и да се направи епидемиолошка анкета. Сепак, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, според пишувањата на српските медиуми одбил да се тестира и ќе се врати во Белград. Тој вели дека се чувствува добро и дека нема потреба да биде тестиран.