Connect with us

Други спортови

Иако има голем хендикеп доби место во болидот на Торо Росо

На тајландскиот пилот Александар Албон му припадна последното слободно место на стартот од следата сезона во Формула 1, но зад воланот на Торо Росо нема да му биде лесно, бидејќи никогаш до сега не тестирал болид во октанскиот циркус.

Приказната за 22 – годишниот возач, кој е од мајка Тајланѓанка и татко Англичанец, кој е поранешен возач БТЦЦ шампионатот, е помалку неверојатна, бидејќо пред само една година финансиската ситуација му била пред колапс, а сега влегува во најбрзиот „циркус“ на денешницата.

Александар како дете покажал голем талент на трките со картинг, а пробивањето кон врвот не му бил едноставен, бидејќи како противник го имал Карл Леклерк, новиот пилот на Ферари и најголем талент кога во прашање е новата генерација на возачи.

Младиот Тајланѓанец успеал да ја заврши 2016 како вицешампион во ГП3 серијата зад недопирливиот Леклерк, а наредната сезона во Формула 2 бил само просечен возач. Но, годинава успеа да осигура настап само на првите неколку трки во истото натпреварување, бидејќи финансиите му биле ограничени.

Сепак Албон воодушевил зад воланот на ДАМС и заедно со тимот се вклучил во борба за титулата, каде најголеми конкуренти му биле Норид и Ралес. Поради својата конкурентност тимот одлучил да го задржи до крајот на сезоната.

Интересно е тоа што во 2012 година тој доби отказ од Хелмут Марко кога беше дел од јуниорскиот тим на Ред Бул. Сепак, по четири победи и борбата за титула до самиот крај, Марко и „биковите“ се предомислиле и одлучиле да го донесат во братскиот тим – Торо Росо.

Со новиот договор Александар стана вториот Тајланѓанец во историјата на овој спорт. Но, Албон во елитата влегува со голем хендикеп. Имено, додека младите Леклерк, Гасли, Строл и Верстапен имаа можност да го тестираат својот болид како резервни возачи во Ф1 тимовите, младиот Тајланѓанец сеуште не седнал зад воланот. Првите тестови ќе ги има за време на зимската пауза, а добра страна е тоа што негов тимски колега ќе му биде Даниел Квајт, кој наредната сезона повторно ќе вози во Формула 1.

Според многумина, Албон има голем талент во него, само прашање е дали од тимот ќе му дадат доволно време за да ги покаже своите квалитети.