Connect with us

Фудбал

Ибра ги засили Росонерите против Њукасл

Милан доживеа дебакл во големото дерби против Интер. Следува премиерата во Лигата на шампионите против Њукасл, поради што е наредена општа мобилизација. Во тимот се приклучи и Златан Ибрахимовиќ.

Се разбира, не станува збор за враќање од пензија. Легендарниот напаѓач дојде на покана на Стефан Пиоли да биде во тимот.

Ибра присуствуваше на тренингот на тимот пред пресметката против Њукасл. Познато е колку Швеѓанецот е голем мотиватор, а поголемиот дел од овој тим ја делеше соблекувалната со него и многу го почитува.

Покрај Милан и Њукасл, во групата Ф се уште Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд.

Facebook