Connect with us

Фудбал

Ибра го виде срамот на Милан против Интер, па итно се врати! Се појави фотографија (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа каков лидер е! Тој се приклучи на тренингот на Милан по дебаклот во градското дерби против Интер минатиот викенд (1:5), а пред почетокот на Лигата на шампионите и натпреварот против Њукасл на Сан Сиро во вторник од 18.45 часот.

Иако летово ја заврши кариерата, незаборавниот Швеѓанец и понатаму е дел од Милан и уште поважно, дел од тимот, што го покажа со доаѓањето на тренингот, каде што застана „во цивилна облека“ веднаш до тренерот Стефано Пиоли. И на овој начин Златан му стави до знаење на тимот дека е со неа и дека нема предавање и опуштање, како што немаше ништо од тоа кога играше.