Фудбал
Ибра лошо го напаѓа Роналдо, Серија А ќе има жестоко ривалство
Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во Серија А и сам го призна ова во интервјуто за „GQ“. Тој ќе има дуел со Кристијано Роналдо, а врската меѓу овие двајца никогаш не била добра.
На прашањето дали ќе има дуел со Роналдо во Серија А, Ибра се воздржа и продолжи со истот како и обично.
„Воопшто не. Вистинскиот Роналдо е Бразилецот. Тој (се однесува на ЦР7) не е природен талент, тој е само плод на напорна работа “.
Ибра продолжи и порача дека Португалецот не барал предизвик со преселбата во Јувентус, бидејќи „Старата дама“ беше шампион на Италија.
„Тој потпиша со тим кој победил во Серија А седул пати во низа. Одењето во таков клуб не е предизвик. Ако тој сакаше предизвик, требаше да оди во Јувентус кога беше Серија Б, да го врати во Серија А и на врвот на табелата“ – рече Ибра.
Швеѓанецот најверојатно ќе потпише со Милан и ќе има личен предизвик со Португалецот.