Connect with us

Фудбал

Ибра повторно шокира со изјавите: Нема да ме видите повторно тука, ова не е „голем Милан“

Златан Ибрахимовиќ, фудбалер на Милан, потврди дека влегол во конфликт со првиот човек на тој клуб, Иван Газидис.

Швеѓанецот изјави дека публиката нема да го види во дресот на „росонерите“ следната сезона, „доколку оваа ситуација остане“. Ибра исто така истакна дека тој „практично игра бесплатно“. Сепак, сезоната продолжува, а Ибра е во одлична форма, и покрај неодамнешната повреда.

– Тоа е Ибра. Ибра е роден да игра фудбал и е најдобар кога игра фудбал. Гледам што се случува во клубот, ако во иднина биде вака, нема да ме видите повторно тука. Ибра не е играч за Лига Европа. Милан не е клуб за Лигата на Европа. Ова не е „големиот Милан“ што некогаш го гледав, но мора да направиме се до крај. Тоа им го кажав. Моравме да се објасниме, посочи напаѓачот.

Ибрахимовиќ додаде дека ќе отиде некаде каде ќе има одредена контрола, како и дека повеќе не верува во зборови.