Connect with us

Фудбал

Ибра против Кристијано, Милан против Јувентус, ова се стартните состави

Објавени се официјалните состави за натпреварот Милан-Јувентус.

На „Сан Сиро“ во 20:45 часот ќе се одигра првото полуфинале на Купот на Италија помеѓу Милан и Јувентус.

На теренот ке бидат и двете најголеми ѕвезди на тимовите, Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо.

Првиот предизвик на „Сан Сиро“ се очекува да биде жесток, како и повратниот дуел на „Алијанц Арена“.

Милан: Донарумама, Калабрија, Кјаер, Ромањоли, Тео Ернандез, Кастилехо, Кесие, Бенсер, Ребиќ, Чалханоглу, Ибрахимовиќ.

Јувентус: Буфон, Алекс Сандро, Бонучи, Де Лихт, Де Шиљо, Матуиди, Пјаниќ, Ремзи, Квадрадо, Дибала, Роналдо.