Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ беше најдобриот играч во историјата на МЛС

Шведскиот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ се прогласи за најдобар играч во МЛС на САД. Тој настапуваше за тимот на ЛА Галакси во периодот 2018-2019 година, при што забележа 58 натпревари на кои постигна 53 гола и даде 15 асистенции.

„Благодарен сум на МЛС што ми даде можност повторно да се чувствувам жив. Бев премногу добар за оваа лига. Мислам дека го покажав. Јас сум дефинитивно најдобриот фудбалер кој некогаш играл во него. И ова е вистината, не доаѓа од моето его или се обидувам да се истакнам. Поминав прилично добро.

Ми се допадна како функционираше во Америка, особено на полето на маркетингот. Успеав да си ги вратам силите по повредата и бев во најдобрата форма во животот. Ми кажаа дека стадионите во МЛС се полупразни, но такви не сум видел. Сите беа преполни. Среќен сум што играв во МЛС лигата, изјави 40-годишниот Швеѓанец.